Македонија избори 2024

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување поради технички проблеми

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

To top