mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Во Бугарија на часот за планетата Земја очите ќе се отворат за Рила

Во Бугарија на часот за планетата Земја очите ќе се отворат за Рила

Типографија

Гаси светлата, отвори ги очите за планетата е повикот на Часот на Земјата оваа година, организиран од еколошките организации WWF.

Од бугарскиот огранок на организацијата овогодинешниот Час на Земјата и го посветуваат на Очите на Рила, кои се познати како Седумте Рилски езера, за да потсетат дека овој симбол на земјата денес е загрозен.

  • Окото е исклучително кревок орган. Исти како него, се и кристално чистите во минатото езера кои сега се премногу чувствителни на штетното човечко влијание. Седумте езера на Рила се меѓу најзасегнатите природни локалитети од климатските промени - зголемување на просечната температура на воздухот и водата, но и од натрупувањето на премногу луѓе во овој дел на планината - објаснуваат екологистите повикувајќи се на научната оценка за состојбата на езерата, направена во 2014 година.

ОД WWF инсистираат на итни мерки за ограничување на прекумерниот човечки притисок на Рила.

Во 20.30 часот утре за Часот на Земјата илјадници луѓе ќе го изгаснат симболично осветлувањето за еден час. Државните институции, стотици општини и многу претпријатија ќе се вклучат во кампањата.

  • Да ги отвориме очите за планетата значи јасно да ги видиме сите последици од нашите дејства - посочуваат од WWF.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component