Капитенот на Реал Мадрид по 23 години си заминува од Кралскиот клуб!

Реал Мадрид во следната сезона ќе треба да бара нов капитен откако Начо Фернандес денеска најави дека летово ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Начо кој има 34 години, сезонава е стандарден и има одиграно 36 мечеви најчесто како стартер. Одигра вкупно 2497 минути.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти неодамна изјави дека Начо како клупска легенда има право сам да одлучи дали ќе остане уште една сезона во клубот. На големо изненадување, тој реши да си замине на крајот од оваа сезона.

Начо речиси цел живот е во Реал Мадрид. Пристигна во школата на Кралскиот клуб во 2001 година како 11-годишно дете и остана неверојатни 23 години. Во 2011 година дебитираше за сениорскиот тим и вкупно досега одиграл 355 мечеви во кои постигнал 16 погодоци, но факт е дека никогаш не бил прва опција во одбраната.

Во кариерата, Начо има пет титули во Лигата на шампиони, три трофеи во шпанското првенство, пет светски клупски првенства, четири пехари во УЕФА Суперкупот, два триумфи во Кралскиот клуб, а пет пати го освојувал и шпанскиот Суперкуп.

Начо има и 24 настапи во репрезентацијата на Шпанија со која минатата година ја освои Лигата на нации. Засега не се знае која ќе биде следната дестинација на овој фудбалер кој целата досегашна кариера го носел дресот само на Реал Мадрид на клупски план.

- Оглас -

Најнови вести