ВМРО нема кредибилитет за енергетика, договорот во РЕК Битола е за период од 18 месеци, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2022 и следната грејна сеозна, 2024/2025, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно објави и АД ЕСМ, потенцираат од СДСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.

Според владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за енергетика.

-Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза. На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата, наведуваат од „Бихаќка“.

Претходно Антовски обвини дека РЕК Битола склучила коруптивен договор, односно дека за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од лани.

-Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.

Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра, истакнаа од најголемата опозициска партија.

Слични содржини