Протест на Независниот синдикат на полицијата пред ОВР – Кочани поради суспензија на полициски службеници

t

Независниот синдикат на полицијата денеска организираше протест пред Одделението за внатрешни работи во Кочани поради суспендирање на четворица полициски службеници.

Од собирот беше упатено барање до началникот на ОВР – Кочани и до Министерството за внатрешни работи да ги преиспитаат причините за изречените казни и поднесените кривични пријави против полицајците, кои се обвинети за злоупотреба на службената должност и овластувањата.

– Работата е многу сериозна, затоа што четири лица ќе си заминат, не само од Македонија, туку и од Балканот, па и пасошите ги кинат. Тие добија четири суспензии, неосновано, без да се помине процедурата и постапката што е предвидена во МВР, без согласност на одредени лица кои требало да ги поминат насоките што ги дал началникот на ОВР – Кочани. Министерот за внатрешни работи потпишал решенија за суспензиите и треба да каже кои се причините за тоа. Исто така, го повикуваме и Македонскиот полициски синдикат да ни се придружи и да ја поткрепи работата на Независниот синдикат, за да се расчистат сите небулози што се случуваат во полицијата, истакна Гоце Делчев Тодев, престедател на Независниот синдикат на полицијата.

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е и Независниот синдикат на полицијата, повикаа да прекинат неоснованите суспендирања од работа, како што се во Кочани, Битола, Тетово и други градови.

– Ова е неиздржливо и апелираме да се спушти топката, подготвени сме за разговори и преговори. Ако некој не сака да го слушне нашиот глас, зборувам во име на сите независни синдикати, тогаш ќе мора да ги повикаме и граѓаните. Апелирам, за колегите кои се суспендирани, ова да престане, затоа што не им се овозможува на полицајците да си ја работат работата за која се платени, а некој се изживува врз нив. Во оваа криза, некој да ги брка од работа овие луѓе кои се подготвени и животот да го дадат за државата, тоа е неиздржливо и ние нема веќе да молчиме, истакна Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

Поддршка на протестот дадоа и претставници на Полицискиот синдикат на Република Србија, кој е дел од Балканската полициска унија, како и од Шумската, Судската и Затворската полиција, од специјалните полициски единици и пензионирани полициски службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во кочанско, пронајдена дрога

На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани…

Продолжува скандалот во ДПМНЕ Кочани: Откако јавно…

Познатата долгогодишна партиска активистка Славица Ангелова добила…

(Документи) Кривични пријави за потпретседателот на ДПМНЕ…

Загрижени граѓани од Кочани, по недобивањето одговор…

Министерот Николовски изврши увид во градежните активности…

Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно…

Тинејџер од Кочани со пиштол влегол во…

На 17.02.2024 во 03:10 часот во Кочани,…