Нено Димитријевиќ повторно, неизбежно, во идеалниот тим на колото на ВТБ лигата

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ веќе стандардно е дел од најдобриот тим на колото во ВТБ лигата.

Димитријевиќ по извонредното издание за Уникс Казањ против Зенит во кое постигна 32 поени, дополнети и со 9 асистенции и 5 скока неизбежно дел од најдобриот тим на колото.

За македонскиот репрезентативец ова е шести избор во идеалната петорка сезонава, само како потврда на формата во која игра и оваа сезона во која Уникс ќе го брани трофејот во ВТБ.

 

Се вчитува...