Поврзете се со нас

Англија

Дарвин, Жота и Салах не реализираа колосални шанси, Кристал Палас го шокираше Ливерпул на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул направи огромен чекор назад во битката за титулата и во период од неколку дена претрпе два шокатни порази, кои многу веројатно ќе го остават Јирген Клоп без трка за два трофеи до крајот на сезоната.

Високиот пораз од Аталанта во Лигата на Европа не влијаеше добро врз избраниците на Јирген Клоп, кои денеска како да беа проколнати пред противничкиот гол, каде не претворат во погодок колосални шанси.

Кристал Палас одигра речиси перфектен меч за свои стандарди и поведе со голот на Езе во 14-та минута, а до крајот успеа да се го одбрани својот гол, но беше исклучително опасен и на контри.

Матета имаше две неверојатни ситуации за предност од 0:2, додека на спротивната страна, Дарвин Нуњез, Жота и Салах не реализираа колосални шанси во вториот дел за враќање во мечот.

На крајот, навивачите на Ливерпул доживеаја огромно разочарување и нивниот тим направи огромен чекор назад во битката за титулата, во која „црвените“ веќе не зависат сами од себе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни