МЗТ го преживеа Широки и сега е чекор поблиску до АБА елитата

Maкедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се пласираше во полуфиналето во АБА 2 откако вечерва загуби со само два разлика на гостувањето кај Широки Бријег (70-68).

Натпреварот почна израмнето, нешто што му одговараше на македонскиот шампион по убедливата победа од (85-69) на првиот меч во Скопје, па по десет минути игра домаќините имаа предност само од два поени 18-16.

Следеше голем пад на избраниците на Васко Атансов на стартот на вториот период. Широки тргна фуриозно па многу брзо за првпат стигна до двоцифрена предност (30-20). Во еден момент домаќинот имаше и плус петнаесет (37-22), но со неколку добри потези на Војдан Стојановски МЗТ на пауза замина со негатива од 11 поени (39-28).

Аеродромци одлично го отворија и второто полувреме, па со серија од 9-0, во 23. минута стигнаа на негатива од само пет поени (39-34). Металците продолжија одлично и во следниот период па во 25. минута стигнаа на негатива од само четири поени 43-39, по која домашниот тренер мораше да реагира со тајм-аут. Иако во еден момент Суботица повторно стигна до плус девет (53-44), гостите предводени од одличниот Дамјан Стојановски и со тројката на Делалиќ во последната секунда по 30. минута поведоа со 53-54. Во последниот период рутински македонскиот шампион ја задржа предноста од првиот меч (70-68) и со тоа се пласираше во полуфиналето. Харис Делалиќ со 18 поени беше првото име во нашиот состав, додека браќата Стојановски уфрлија по 13 поени.

Во полуфиналето македонскиот шампион за противник ќе ја има водечката екипа во регуларниот дел од сезоната во АБА 2, Суботица.

Се вчитува...