Спорт
„Салах не е светска класа“
Поранешниот играч на Евертон и уште неколку други клубови во Премиер лигата, Ајегбени Јакубу го анализираше Мохамед Салах.
Нигерискиот фудбалер во својот коментар упати остри критики кон кон напаѓачот на Ливерпул.
„Салах според мене не е светска класа. Тој не е добар со топката и повеќето негови голови се постигнати со помош на среќата“, рече Јакубу.
Според мислењето на поранешниот напаѓач на Мидлсброу, Портсмут, Блекбурн и други клубови, Мохамед Салах не е најдобриот африкански фудбалер кој играл во Премиер лигата.
„Не можете да кажете дека Мохамед Салах е најдобриот кој играл во Англија. Најголемите африкански играчи кои некогаш играле се Окоча, Дрогба, Кану, Јаја Туре, Адебајор и Садио Мане“, заклучи Нигериецот.
🎙️🇳🇬 Yakubu on Mo Salah:
“Salah is 𝗻𝗼𝘁 world class in my opinion. He is not good with the ball and majority of his goals are lucky goals!
You can’t say Mohamed Salah is the greatest African to play in the Premier League. The greatest African players in the Premier League are… pic.twitter.com/nCaqVYFbLm
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) March 24, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чаби Алонсо не дозволува еуфорија: Уште две недели…
Со победата од 5:0 над Бохум, Баер Леверкузен стигна до неверојатната бројка од 50 натпревари без пораз во сите конкуренции.
Баер е шампион на Германија, но до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, во Лига Европа со Аталанта на 22 мај и Купот на Германија со Кајзерслаутерн три дена подоцна.
„Сеуште не размислуваме за тројната круна, фокусирани сме само на она што следува. Ни претстојат уште три големи предизвици, три големи цели. Ако ја завршиме Бундеслигата без пораз, тоа би било големо достигнување, бидејќи тоа досега не се случило“, вели Алонсо и додава:
„После тоа следуваат тие две големи финалиња. Засега сè оди навистина добро, но… Уште две недели“.
Баер ќе ја затвори Бундес лигата со мечот против Аугсбург во Леверкузен.
Спорт
Го пратил братот близнак во Динамо Букурешт да игра наместо него
На повидок е невиден скандал не само во романскиот туку и во светскиот фудбал. Луѓето во ФК Динамо од Букурешт се сонмеваат дека се измамени од фудбалерот Едгар Ије.
Едгар дојде во Динамо како слободен играч во средината на февруари откако ја прекина соработката со Истанбул Башакшехир.
За Динамо досега одигра пет натпревари, но во клубот започнале да се сомневаат дека натпреварите не ги играл Едгар, туку неговиот брат близнак, Еделино.
Се уште нема официјални потврди за ова, но управата на клубот е убедена дека Едгар зборува англиски, додека во моментов не можат на тој начин да комуницираат со фудбалерот. Фудбалерот кој го имаат во своите редови наводно не сака да им покаже ниту возачка дозвола, ниту каков било документ.
Во својата кариера, Едгар ги носеше дресовите на помладите категории на Спортинг Лисабон, Барселона, Виљареал. Играше за Лил, Нант, Трабзонспор…
Спорт
Кејлор Навас заминува од ПСЖ
Кејлор Навас (37) по пет сезнони реши да го напушти ПСЖ.
Трофејниот голман на Костарика забележа 113 настапи за тимот од Париз, но оваа сезона му беше резерва на Џиџи Днарума.
„Благодарен сум за сите овие години во клубот“, изјави Кејлор Навас и потврди дека си заминува од ПСЖ.
Тој е слободен да избере нов клуб, се уште нема официјални понуди, но наводно е многу блиску до италијанската Серија А, каде има конкретен интерес од неколку клубови.