Вработен во „Пошта” украл од сметката над 50 илјади евра

Вработен во подружницата на АД „ Македонски пошти ” во Центар Жупа ја искористил службената положба и од сметката противправно присвоил над 50 илјади евра.
– ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари, информираа од полицијата.