Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 109 возачи.

Од нив, по 25 на територијата на СВР Тетово и СВР Охрид, 23 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и 306 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

OhridNews