Потврден датумот за Прилеп Фест 2023: И оваа година градот ќе се забавува во ритамот на македонската музика

Потврден датумот за Прилеп Фолк Фест 2023.

– ПРИЛЕП ФЕСТ објавува дека оваа година на 1ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот во салата на Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп. Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори.

Фестивалската програма одложно ќе биде емитувана на МРТВ. Ќе ви наведеме само еден мал дел од учесниците на овогодинешниот ПРИЛЕП ФЕСТ: Наум Петрески, Зуица Лазова, Јордан Митев, Лили Семкова, група ДРИМ ТИМ…

Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство, соопшти Советот на фестивалот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.