Винисиус жуниор: Задоволни сме од резултатот

Реал Мадрид одигра 2:2 на „Алијанц арената“ во Минхен против Баерн во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите и тоа благодарение на двата гола на Винисиус жуниор.

Бразилецот прво во 24-тата минута го отвори резултатот, а во 83-тата минута го спаси Реал Мадрид од пораз, и беше прогласен за играч на натпреварот од страна на УЕФА.

„На секој натпревар играме на победа, сакаме да победиме, но сите знаеме каква е Лигата на шампионите. Не смеете да му подарите топка на противникот, не смеете да примите голови бидејќи секогаш ќе има врвни противници кои можат да ја преземат иницијативата. По овој натпревар мораме да бидеме со бистри глави, да бидеме задоволни од позицијата во која се наоѓаме и да се одмориме што е можно повеќе пред реваншот“, изјави Бразилецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести