Нoво на шведскиот пазар – професор лансираше еликсир на долговечноста: Рецепт за млеко од компир

4676
Printscreen/Youtube

Шведската компанија го лансираше најновиот хит на пазарот – млеко од компир. Чини околу 3 до 5 евра за литар. Млекото од компир е исто така одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолати.

Инаку, рецептот е земен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која во 2017 година произведе необично вкусна и кремаста „емулзија од компир“. Млекото се продава во три варијанти: оригинално, бариста и незасладено.

Производителите тврдат дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека, уште поважно, е најмалку штетно за животната средина од сите билни пијалоци. Млекото од компир исто така содржи помалку шеќер и масти и не содржи вообичаени алергени, што го прави одличен избор за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

Како сами да направите млеко од компир?
Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додадете половина вода и малку мелени бадеми (по желба). Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и ставете го во сад.