Десетици илјади граѓани на прошетка со мексиканскиот претседател Обрадор

27
Фото: EPA-EFE/Isaac Esquivel

Десетици илјади приврзаници на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска прошетаа во главниот град на Мексико заедно со Обрадор, на помалку од две години пред општите избори во таа земја.

Поддржувачите на Обрадор дојдоа од различни делови на Мексико, носејќи знамиња и го извикуваа името на претседателот, а над прошетката прелетаа хеликоптери, при што подоцна мексиканскиот лидер ќе им се обрати на граѓаните по повод четири години од доаѓањето на власт, објави Ројтерс.

Претседателот на Мексико по изборите добива шестгодишен мандат.