ИНДЕКС – портал за знаење
Спорт

Што знаете за уметничкото лизгање?

 

Уметничкото лизгање е спорт во кој лизгачите на мраз, изведуваат разни скокови, вртења и техника со нозе., најчесто на одредена музика. Податоци за тоа во кое време луѓето научиле да лизгаат на мраз нема, но според археолошките наоди тоа е многу одамна, а тоа го потврдуваат и коските кои се пронајдени, а кои најверојатно служеле како лизгалки на подрачјето на Русија, Скандинавија, Велика Британија, Германија и Швајцарија.

Острилото на лизгалката за уметничко лизгање има однапред специјален назабев врв, или ножно гребло. Овие врвови имаат и своја улога, а тоа е нивната употреба при изведувањето на скоковите, но истите не смее да се употребваат при лизгањето и изведувањето на вртењата.

Лизгачите, обично се облечено во тенки панталони, а лизгачките може да бидат облечени во краток фустан или панталони, но кратките фустани се многу попопуларни. Лизгачките, исто така, под фустанот носсат и месобојни затегнати панталони, кои може да бидат доста долги, дури покривајќи ги и лизгалките. Лизгачите мора да бидат облечени во панталони, кои не може да бидат затегнати.

Десциплината уметничко лизгање, за прв пат одржана на Олимписките игри во 1908 и 1920 година, претставуваат дел од Зимските олимписки игри откако биле свечено воведени во 1924 година. Се до 1991 година, натпреварувањето вклучувало задолжителен дел во кој биле вклучени пропишани фигури.

Во поединечните натпревари и во натпреварите во спортски двојки, натпреварите мора да настапат во два дела. Првиот е кратката програма, во која лизгачот/лизгачката/двојката мора да изведе/изведат неколку потребни елементи, кои содржат скокови, вртења и чекори. Вториот дел е слободното лизгање, во кое елементите се изведуваат по слободен избор. Натпреварите во танцови двојки се состојат од три дела. Првиот е наречен „задолжителни танци“, во кој двојките мора да изведат одредени танцови. Вториот дел е наречен „оригинален танц“ и се изведува со ритам на музика за бал. Третиот, и завршен дел, е слободната програма, во која двојките ги изведуваат движењата по своја желба.

Во оваа категорија