Ѓулер: Модриќ и другите ме викаат „аби“, мислам дека не знаат што значи тоа на турски

Арда Ѓулер даде интервју за турска телевизија и откри со каков прекар му се обраќаат соиграчите и каков однос има со ветераните Крос и Модриќ.

„Не можам да ги наречам Крос или Модриќ со нивното име Тони или Лука, така сум воспитуван, ќе се чувствувам како да не ги почитувам. Им се обраќам со брате, па и тие мене почнаа да ме викаат брат. Инаку, цело време ме викаат аби. И јас сум изненаден кога Лука ме вика аби. Интересно е затоа што не знаат што всушност значи аби“, вели Ѓулер.

Инаку изразот аби на турски значи постар брат, па на Арда му е интересно како постари соиграчи од него му се обраќаат со „постар батко“.

Арда има „ривалство“ со Давид Алаба.

„Алаба пораснал во маало каде што имало многу Турци и затоа навива за Галатасарај. Многу ми зборува за тоа и се шегуваме на таа тема. Ми вели ти си од Фенербахче, но јас не сум“, открива Ѓулер, кој посакува да стане прв Турчин кој ја освоил Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести