Мицкоски утре почнува преговори со челниците на ВРЕДИ, еве кои министерства може да припаднат на албанската коалиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе се сретне со коалицијата ВРЕДИ, јавува ТВ21. Се очекува Мицкоски да ги почне разговорите за „поделба на колачот“ и за формирање на нова Влада.

Според партиски извори до кои дојде ТВ21, Мицкоски нуди 4 министерства, и наводно барал ВМРО-ДПМНЕ да ги води министерствата за финансии, за внатрешни работи и за транспорт и врски. Наводно ВРЕДИ барал 5-6 министерства и претседател на Собранието.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Таравари го бара министерството за здравство, на Изет Меџити од Демократско движење би можело да му припадне министерството за политички систем, а наводно и директорско место во царинската управа. Алтернатива на Африм Гаши е заинтересирана за министерството за економија и министерството за образование, додека Биљал Касами од БЕСА ќе го сака министерството за култура.

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара да биде нивно местото претседател на Собранието, потпирајќи се на аргументот дека имаат 58 пратеници, наспроти ВРЕДИ кој има 13.