Скромна трпеза за Велигден, наместо јагнешко – свинско месо и баклава, важно е да се собере целото семејство

Месо, јајца, благо – скромна празнична трпеза за Велигден оти толку дозволуваат финансиските средства. Граѓаните во Штип се подготвуваат за празничниот ручек за големиот хрситијански празник Велигден. Велат трпезата ќе биде скромна. Јагнешко ретко некој купил, повеќето од анкетираните граѓани велат за празникот ќе подготват свинско место оти е поевтино.

„Купивме јајца, кори за баклава, се што е потребно. Јагне требало да има, ама немаме пари ние за јагне. Да ви кажам скромно под 3000 денари не е една празнична трпеза. Купив четири килограми месо, ќе дојдат децата.“ – велат граѓаните.

Во недела семејството се собира на празничен ручек. Анкетираните штипјани согласни дека ова како адет останало да се практикува уште од дамнешно време. Децата одат на ручек кај родителите, помладите кај повозрасните. Децидни се дека не е важно што ќе се најде на празничната трпеза, важно е дека целото семејство се собира околу неа.

„Кај нас доаѓаат ќерките, зетови, внуката.“ – додаваат граѓаните.

Велигден е еден од најголемите христијански празници, празник на Христовото воскресение. Тоа е празник кој менува дата, но секоја година се празнува на достоинствен начин.

Лаура Стојанова, М-Нет