ВИДЕО: Англија ја совлада Украина со головите на Кејн и Сака на „Вембли“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во групата „Ц“ каде што игра и македонската А репрезентација, Англија во својот прв домашен натпревар од квалификациите за ЕП 2024 ја совлада Украина со 2:0.

На стадионот „Вембли“ избраниците на селекторот Герет Саутгејт стигнаа до триумфот со головите на Кејн во 37 минута и Сака во 40 минута.

Англија по втората победа во квалификацискиот циклус води во групата со шест бодови, пред Македонија со три.

Украинците се нашиот следен противник, ќе ги пречекаме во Скопје на 16 јуни. Вечерва ќе се игра уште еден меч, Италија од 20.45 часот гостува кај Малта.

Се одиграа уште два натпревари, Исланд го декласираше Лихтенштајн (0:7), додека Словенија ја оправда фаворитската улога против Сан Марино (2:0).

ВИДЕО: Сензација во Астана, Казахстан од 0:2 до 3:2 против Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот