10 гола во Тетово, дербито без голови, победи за Детонит и Осогово

Денес се одиграа натпреварите од 26. коло од Втората лига, а гледачите на телевизија М Нет одново имаа можност да проследат два меча од оваа рунда.

На М Нет Спорт го следевте мечот меѓу Новаци и Детонит Плачковица каде гостинот од Радовиш со рокади во составот поради вонредното коло, но и чување на сили за баражот за Прва лига, забележа минимална и тешка победа од 0:1 со голот на Лука Трајковски.

На М Нет го следевте дербито за опстанок од Кочани каде играа Осогово и Караорман, а домашниот тим во финишот постигна гол за победа од 2:1. Трите гола паднаа во вториот дел, Љиварека погоди за 1:0, а Клечкароски израмни на 1:1. Во судиското надополнување Дојчинов погоди за конечни 2:1 во тешкатљ борба за опстанок.

Дербито на колото го играат двете екипи кои се изборија за Прва лига, двата главни фавотити за елитата, лидерот Беса и второпласираниот Пелистер кое заврши без голови и без победник (0:0), а тој резултат беше забележан и во Куманово на средбата меѓу Башкими и Скопје.

Охрид и Саса ремизираа играјќи 1:1, откако домашниот тим преку Масевски го отвори резултатот, а Димоски погоди за 1:1.

Гугуљанов и Милушев обезбедија победа за Беласица од 2:0 над Кожуф.

Победа и Вардар Неготино ремизираа играјќи 1:1 во Прилеп. Адили погоди за домаќинот, а Хасан за гостинот.

Лудост во Тетово, десет гола за победа на Арсими над Тетекс од 4:6.

Алексовски, Станковски и Јусуф погодија за “штофарите”, а за гостинот стрелци беа Емран Рамадани, Аљбин Рамадани, Џуцули и Мустафа.

На полувреме Тетекс водеше со 4:3, а во вториот дел Арсими сврте на конечни 4:6
Александар Ванев, М-Нет