Толку беше силата: Надал елиминиран од чехот Лехечка

Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, откако синоќа загуби со 2-0 во сетови од чешкиот тенисер, Јиржи Лехечка.

Шпанецот петпати го освојуваше турнирот на домашно тло, но се уште ја бара посакуваната форма после серијата повреди кои ги имаше. Претходно Надал врза три победи по ред во Мадрид, откако ги победи Бланч, Де Минаур и Качин, што е првпат после летото 2022-рата година да направи ваков низ.

Чешкиот тенисер, Јиржи Лехечка, кој во мооментов е на 31-вото место на АТП ранг-листата го доби мечот со 7-5 и 6-4. Рафаел Надал поради долгата пауза во моментов е на 512-тата позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести