• вторник, 14 мај 2024

Во Делчево реализирани активности во рамки на проектот ,,Направи разлика“

Во Делчево реализирани активности во рамки на проектот ,,Направи разлика“

Делчево, 29 април 2024 (МИА) - Во Делчево реализирани активности во рамки на проектот „Направи разлика“ во чии рамки во Градскиот парк во Делчево се одиграа натпревари во шах и табла. Целта и идејата на натпреварот, како што истакна Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување, кој е координатор на проектот, е да се зголеми свеста за бенефитот од играњето друштвени игри.

-Основната идеја ни беше да ја поттикнеме свеста за играње на овие друштвени игри од кои бенефитите се огромни. Верувам дека овој настан ќе биде поттик за младите и повозрасните генерации, бидејки буквално имаме луѓе од 7 до 77 години. Им стоиме на располагање како организација да ги искористат ресурсите кои ги имаме, а јас ги охрабрувам да формираат шаховски клуб за да можат да организираат вакви натпревари и во иднина, истакна Деолска.

Овој настан, како што додаде, е увертира во серијата настани кои со поддршка на членовите на Младинската банка ќе се реализираат во наредниот период во рамки на овој проект.

-Веќе утре во рамки на „Младинската банка“ има пролетна забава за млади,  потоа имаме концерт на локални изведувачи во рамки на Велигденскиот базар, кој ќе се одржи во четврток. На 10 мај имаме организација на Јога на отворено, во јуни имаме ликовно матине и проекција на филмови и театарска претстава која ја подготвуваат самите млади. Благодарност до спонзорите кои доделија ваучери за тројцата најдобри и во шах и во табла, додаде, Деолска.

Проектот „Направи разика“ е финансиран од УСАИД, а го реализира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан