Регион

Повозрасните граѓани во Моноспитово добија простории за социјални активности, дружење и рекреација

Опремени простории за социјални активности, дружење и рекреација на повозрасните граѓани во Моноспитово.

После Турново и пензионерите во Моноспитово добија свое катче за дружење, социјални игри и рекреација. Просторот се дели на неколку дела – дел за дружење и социјални игри, кујна, мини библиотека, санитарен јазол, а има обезбедено и пристапна рампа. Во наредниот период ќе биде уреден и дворот и терасата за да може овој центар да се користи и во летниот период.

Проектот се реализира во соработка со УСАИД ЛАГ Беласица – Огражден, приватни компании, итн.

Препорачуваме:

Компостирање наместо диви депонии-препорачуваат стручњаците

Порака со хуманитарна манифестација, лицата со попреченост ќе готват и ќе ги престават своите креации

Медицинските сестри и техничари од септември ќе добијат надоместок на платата

Стојне Митева