„Во Италија е потешко да се постигнат голови отколку во Англија“

Поранешниот хрватски репрезентативец Ален Бокшиќ смета дека Душан Влаховиќ е одличен напаѓач кој тоа го потврди во лига во која не е лесно да се биде меѓу водечките стрелци.

Влаховиќ на 32 натпревари досега има постигнато вкупно 17 гола и е втор стрелец во Серија А.

„Тој е одличен напаѓач, а има само 24 години. Својот квалитет го потврди во Фиорентина и Јувентус. Душан стана врвен напаѓач како Халанд, но не сакам споредби. Во секој случај, во Италија е потешко да се постигнуваат голови отколку во Англија“, смета Бокшиќ.

Се вчитува...