Град Скопје преку соопштение реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНе дека поради неспособноста на Данела Арсовска нема да се градат пет проекти.

Во соопштението од Градот Скопје се вели:

-Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје. За одлуките на ВМРО-ДПМНЕ да бидат спроведливи и законски, им недостигаат основни елементи како катастарски локации и за кои суми би требало градот да ги ослободи од комуналии што преставуваат фискални импликации по буџетот на градот, што ги прави во случајов тие предлог одлуки покрај неписмени, противзаконски и неспроведливи, и е прв пат во историјата на град Скопје некоја советничка група да донесе вакви одлуки, реагираат од Град Скопје.