Македонија

Сообраќајка во струшко: се судриле мопед „јамаха“, управуван од малолетник и „цитроен“

Денеска посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

На 26.03.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

To Top