Забава Избор

SUPER Fresh Music: Aurora – Some Type Of Skin

Охрид, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Алт-поп сензацијата Aurora го претстави noвиот, емотивен сингл „Some Type Of Skin“, кој е трогателна исповед за ранливоста и силата што е неопходен дел од секојдневниот живот.

– Оваа песна го илустрира интензитетот и моќта на тие емоции. Сметам дека да се биде човек е предизвик сам по себе, изјави музичарката за новиот сингл.

Норвешката музичарка беше посебно вредна со почетокот на оваа година, откако во јануари веќе објави два нови сингла „Your Blood“ и „The Conflict Of The Mind“.

По дебитантската песна „Awakening“ во 2014 година до денес, пејачката собра импресивни 10 милијарди слушања на најпопуларните музички платформи, распродаде бројни концерти, а гостуваше и на најголемите светски фестивали.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука