Вести Избори 2024 Македонија

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Големината на победата на ВМРО-ДПМНЕ е доволна причина да се плашиме, оцени Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма, затоа што секоја голема победа носи и порив кон автократија. Сепак Георгиев додава дека тоа не е случај само во Македонија, туку и во многу постари демократии низ светот.

Ако сакате да зборува од аспект на СДСМ, дека се плашиме од големината на победата на ВМРО, не без причина се плашиме, би рекол дека секоја голема победа значи и голема одговорност, и порив кон автократија или авторитаризам, и тоа не е само така во Македонија, туку и насекаде низ светот. Тогаш вреди да се разговара за СДСМ во оваа фаза, како ќе се ревитализира. СДСМ треба да се остави да си го изоди својот пат. Ќе видиме каков ќе биде тој пат, бидејќи може да биде уште подраматичен, заради објективно големиот пад што се случи. Но, додека се консолидира СДСМ, а тоа може да бидат месеци, година или години, да се консолидира за да стане некаква кредибилна опозиција, ние веќе од утре го имаме Мицкоски на власт, претпоставка е со ВЛЕН и со уште некој партнер, и мислам дека е поважно ние сега тоа да го разговараме. Затоа што дури го чекаме СДСМ да се реформира можеби ќе ни се случат други важни позитивни и негативни работи на патот што го изодува Македонија во следните години, рече георгиев.

Тој не се согласува со констатацијата на Тодоров дека СДСМ треба да се врати на својата историска идеолошка матрица, и тешкиот пораз делумно го припишува и на поголемата наклонетост на етничките Македонци кон ВМРО-ДПМНЕ.

Едната тема ја кажа Никола, идеолошката, не сум сигурен дека таа е клучната тема, особено како што кажавте повеќе пати има ВМРО-ДПМНЕ победувано на изборите изминативе 30 години. Јас мислам дека повеќето граѓани, етнички Македонци коишто, пред сѐ, гласаат за ВМРО и СДСМ, се поблиски, не би рекол дали се подесни, но веројатно поголем е квантумот на гласачи што природно е наклонет кон ВМРО-ДПМНЕ, од разни причини, нешто идеолошки, нешто историски, нешто се и четирите букви коишто се моќни, рече георгиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе