20.8 C
Скопје
10:45 - 20 мај, 2024

(Фото) Масовни протести во Шведска поради Израел на Евровизија: Инцидент на пробата на претставничката Еден Голан

Пропалестинските и антиизраелските групи денеска организираа големи протести во Малме, Шведска.

Шведската полиција проценува дека пропалестинскиот марш во центарот на Малме привлече околу 8.000 луѓе кои носеа палестински знамиња и шамии, тапани, свирчиња, звучници и факели.

Демонстрантите ги извикуваа слоганите: „Ова е геноцид“, „Сите деца се еднакви“ и „Шведска разбуди се!“.

Шведските медиуми јавуваат дека на протестите учествуваат граѓани од цела Шведска, но и од Данска, Франција и Португалија. Во протестната поворка има дури и семејства со мали деца и стари лица во колички. Од полицијата велат дека засега нема инциденти.

Медиумите јавија дека на протестот учествува и познатата активистка Грета Тунберг, која рече: „Прекрасно е да се види дека овде има толку многу луѓе кои се залагаат за Палестина“.

Истовреме, за време на последните проби во салата каде што се одржува Евровизија, двајца мажи извадиле палестинско знаме и марама позната како „палестинка“ за време на настапот на израелската претставничка Еден Голан.

Обезбедувањето веднаш им ги одзеде симболите и ги спроведе надвор од салата.

Слични објави

(Фото) Живеат одвоено, но заедно се смеат: Џенифер Лопез и Бен Афлек пак уловени заедно по гласините за развод

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 20 мај: Бикот ќе има наплив на сила, за близнаците лоши вести

еспресо

Летни среќници: Два хороскопски знаци кои ќе направат многу пари ова лето

еспресо

(Видео) Се огласи Диди по вознемирувачката снимка на која се иживува врз девојка си: „Го допрев дното, нема оправдување“

еспресо

Ера Ојданиќ заврши во болница: Пејачот е итно хоспитализиран, закажана му е операција

Еспресо

(Фото) Салма Хајек на Кански филмски фестивал, неверојатно секси: Црн светликав фустан со голи рамена

еспресо
Се вчитува....