Вести Македонија Топ вести

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ се закани,  доколку до крајот на годината не се решат проблемите околу рудникот за бакар „Иловица-Штука“ тие ќе одат пред Арбитражен суд. Велат дека денеска даваат последна опомена пред арбитража. Ги повикуваат надлежните да соработуваат со нив затоа што се сигурни дека ќе добијат на суд и државата ќе мора да исплаќа милионски суми  од буџетот.

„Сакаме да објавиме дека сме во статус на последна опомена пред арбитража. Часовникот на судниот ден отчукува веќе на полноќ. За да не бидеме погрешно протолкувани, сакаме да бидеме јасни и прецизни. Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одолговлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар, има правен епилог кој нема да биде поволен за државата, а за жал и за нејзините граѓани. Меѓународната арбитража не е одлука што ја носиме лесно“, изјави Тимоти Морган Вин, главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес. 

Тие велат дека Владата не ги исполнила обврските за консултации и преговарање. Владата првенствено не одлучи за проектот до јуни 2023 година,  а потоа донесе одлука со која се спојуваат концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот „Иловица-Штука“ и одлуката ја објави во Службен весник, а по неколку недели ја прекина одлуката без образложение. Од Еуромакс сметаат дека односот на властите е скандалозен.

„Македонија ќе го изгуби овој спор и луѓето во оваа земја ќе мораат да изгубат значителен износ на средства“, изјави Габриел Лански, правен застапник на Еуромакс.

Тие истакнаа дека досега во проектот се вложени многу пари и повика државните институции да го почитуваат владеењето на правото. Владата лани во јули ја поништи одлуката за спојување на двете концессии која ја донесе дваесет дена претходно. Тогаш компанијата побара повторно спојување, и предупреди на разврска пред Арбитражен суд.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе