Арсенал „фрли“ за него 80 милиони, сега станува слободен агент

Кога во 2019 година Николас Пепе дојде во Арсенал за сума од 79 милиони евра, сите сметаа дека ќе биде еден од најдобрите играчи во Премиерлигата. „Топчиите“ го платија Пепе на Лил огромна сума на пари за крилниот играч, а тој нималку не ги оправда парите вложени во него.

Пепе мина три години во Арсенал, како бледа сенка  на она што го играше претходно, па за да ја оживее кариерата, беше вратен во Лил како позајмен играч. Но, и таму не се прослави, за една сезона постигна шест голови во 19 настапи, па Арсенал се реши да му го „даде“ на Трабзонспор, и тоа како слободен играч, на една година до крајот на договорот.

За турскиот клуб има скромна минутажа, па со оглед на неговите огормни примања, сега Трабнспор најверојатно ќе го пушти како слободен агент на лето да си бара нова средина. Најверојатно ќе се врати во Франција, но очигледно е дека Пепе е едно од најголемите скапи промашувања на Арсенал во историјата.

Се вчитува...