logo
logo
logo

Ѓорчев: Ваквите штетни предлози за Македонија се резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во последните 5 години

Vecer | 02.07.2022

Ѓорчев: Ваквите штетни предлози за Македонија се резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во последните 5 години

Затоа што се работи за бугарски предлог, затоа што се работи за предлог којшто неразбраните трговци тука што изиграваат власт без народ, го имаат веќе прифатено. Затоа што овој предлог пред три дена, внимавајте пред три дена го отфрлија дури и Ковачевски и Пендаровски и еден куп првенци владини кои што ни велат сега дека истиот предлог три дена потоа е прифатлив, вака одговори членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вклучување во вестите на Алфа ТВ на прашање зошто треба да се каже не за францускиот предлог кој што стигна до Владата.

Ѓорчев истакна дека ваквите предлози на штета на Македонија доаѓаат како резултат на политиките на свиткана кичма кои се водат во Македонија во последните пет години.

„Мислам дека се работи за последица на тоа што во Македонија се води како политика последниве пет години. Тоа е политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, тоа е политиката на изјави на Зоран Заев каде што вели две држави еден народ. Стево пендаровски кажа дека Гоце Делчев е Бугарски револуционер, дека е тој Бугарин и едноставно оние кои што ги подготвуваат предлозите дошле до едноставен заклучок, а тоа е дека нема нешто што оваа актуелна гарнитура нема да го поддржи, нема нешто што нема да проголтаат, нема нешто за кое нема да избришат патос со македонскиот народ и во оваа гарнитура на Ковачевски, Зоран Заев и целата таа дружина за жал нема никакви црвени линии, а особено не македонски“, потенцираше Ѓорчев.

За тоа што треба Владата да направи Ѓорчев истакна дека за жал СДСМ не е таа партија која што некогаш била и дека сега е збир на кариеристи кои што никој не ги гласал како што е случај со премиерот Димитар Ковачевски кој што е избран само од Зоран Заев, па затоа имаме на власт неразбрани трговци кои ги рушат македонските позиции.

„Значи не сме ние против било кого, сакаме Македонија да биде членка на Европската Унија, Македонија е членка на НАТО, Македонија има право на свои човечки правдини, Македонија има право на свое достоинство, Македонија има право на своја слобода и самоопределување“, додаде Ѓорчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk