Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога

Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога

пред 2 недели

Полската полиција  соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава.

Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес.

„Беше целосно изненаден, не сакаше да зборува, не ги откри мотивите“, изјави портпаролот на полицијата Роберт Шумијата, додавајќи дека судот ќе одлучи дали на младиот човек ќе му се суди како полнолетен.

Текстот Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top