Според Левица, во Куманово се правеле редици поради проблемите со апаратот за читање отпечаток на прст, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење
Изборниот ден помина мирно, во фер и демократска атмосфера, со некои помали проблеми на изборните места, оценија од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска.
Како што соопшти портпаролката на Ванковска, Моника Маневска, забележани се помали проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Таа истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици поради проблемите со апаратот за читање отпечаток на прст, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Според Маневска, имало и нерегуларности во Избирачкиот список. Имено, во некои изборни места починати лица биле запишани како гласачи, а некои гласачи, кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса, ги немало во Избирачкиот список.