Вести Македонија Топ вести

Лекторите од 11 активни лекторати по македонски јазик во светот бараат корекција на пресметката на платите и покачување за 22 %

Со плати што не ги покриваат нивните основни трошоци за живот и сместување, принудени да се снаоѓаат како што знаат и умеат, да живеат со просечна македонска плата во големи светски метрополи.

И покрај ваквата незавидна положба во која се лекторите по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ тие се изземени од последните покачувања на платите на вработените на УКИМ, стои во реакцијата на единаесетте активни лекторати во светот.

Тие ги доставија следните барања до Ректоратот на УКИМ и до Министерството за образование и наука:

  1. Наоѓање соодветно правно решение за корекција на дискриминaторската одлука за изземање на лекторите по македонски јазик во однос на останатите 3 200 вработени со цел нивната плата да го добие покачувањето од 22 % што го добија сите вработени на УКИМ.
  2. Наоѓање соодветно правно решение за корекција на пресметката на платите, со цел лекторите за време на работните месеци да го добиваат целосниот износ од платата што им следува, односно 100 %, како и редовно исплаќање на девизниот додаток.

Со оглед на тоа што секогаш се применуваат правата кои се поповолни за работникот, лекторите кои се вработени во 11 активни лекторати во универзитетите во странство, во периодот од 2021 година до денес, земаат плата согласно Колективниот договор за високо образование и наука, потпишан од Министерството за образование и наука и СОНК, велат од Ректоратот на УКИМ.

Во Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје коефициентот на лектор е понизок од коефициентот на доцент бидејќи условите за избор на лектор не се еднакви со условите за избор на доцент. Во меѓувреме, испратен е и допис до Министерството за образование и наука од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да се смени коефициентот за пресметка на плата за лектор во Законот за високото образование, како што е во Колективниот договор за високо образование и наука, каде коефициентот на лектор е на ниво на доцент, соопштија од ректоратот на уким.

Треба да се има предвид дека целиот текст на Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вклучително и коефициентот за плати е усогласен помеѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија и дека не се работи за акт донесен само одУКИМ, велат од Ректоратот на УКИМ. Во врска со девизниот надоместок и начинот на исплатата на платата на лекторите во текот на годината, надлежно е Министерството за образование и наука .стои во дописот на Ректоратот при УКИМ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе