Питер Баер ја поддржа кандидатката за претседател на Македонија, Силјановска Давкова

Питер Баер ја поддржа кандидатката за претседател на Македонија, Силјановска Давкова

Германскиот пратеник Питер Баер кој доаѓа од редовите на ЦДУ даде отворена поддршка за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, објави пратеникот Антонио Милошоски. Тројцата оствариле средба во Парламентот.

„Се разговараше за актуелната изборна кампања, за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, како и за програмата на Проф Силјаноска Давкова која е заснована на владеењето на правото и исполнување на копенхашките критериуми“, информираше Милошоски.

„Од двете страни беше нагласена важноста за продлабочување на многу добрите германско-македонски односи во сите области од взаемен интерес. Проф Силјаноска Давкова нагласи дека доколку ја добие довербата за да биде претседателка на Република Македонија ќе вложи сериозни напори за градење на широк општествен и политички консензус по однос на интеграцијата во ЕУ, а истовремено во овој контекст ќе се залага за цврста регионална соработка и меѓусоседска солидарност на рамноправна основа“, напиша Милошоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста