Во гостиварското село Сенокос се „жнеела“ марихуана

Гостиварската полиција синоќа околу 20:00 часот во гостиварското село Сенокос, ги лишила од слобода И.Џ.(26) и А.А.(28), двајцата од истото село затоа што кај нив била пронајдена марихуана, која им била одземена.

Како што информираат денеска од МВР, подоцна, марихуана била пронајдена и при претрес извршен во објект на И.Џ. во село Сенокос. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот