Колку често пиеме чај, и кои се придобивките од него?

Лековитите билки се едни од најстарите начини за лекување на најразновидни болести. Но, дали и покрај нивната голема лекувачка моќ ги користиме секојдневно, или само кога сме болни? Научно е докажано дека чаевите можат да ја подобрат вкупната состојба на организмот и да го спречат настанувањето на многу болести.

„Мајчина душица највеќе конзумирам. Јадам леб со неа ми е поубава и некој пат ва цветчињата шо ги има планинските шо се. Те сеа уште рано е, не знам јас ја зимам од тука од нашио крај. Па има ја секаде кај нас ја има у Велешко, јас сум од там.“

Докажано е дека придобивките од мајчината душица се огромни, помага при кашлица, болки во грлото, придонесува за подобрување на имунитетот, и служи за намалување на восплатителните процеси, делува смирувачки, влијае позитивно на расположението.

„Абе пијам повеќе чаеви, јас сум од село дете, мајчина душица, мента, кантарион, берам си од таму имам повеќе чаеви, од боздел пијам. Десетина чаеви си наберам за цела година и си пијам со комшиките , кафе не пиеме . Освежува, убаво пријатно кафето поручок го пијам. Стават ги у ракија, кантарионо на пример за рани ако нешто се пресечеш, или тоа да се намачкаш полесно да ти помине. Кантарионо највеќе, те етерични масла шо има највеќе се коритат за тоа„

„Не, нането се употребува и во јадење. Па во бавчите го има најчесто, само зимниот период го нема. Не, имаме го сушеме го зимниот период за во гравче, во јадење„

Во некои зејми, чајот е повеќе од пијалак. Тој е ритуал кој има лично и општествено значење. Во македонската култура, моќта на билките е длабоко присутна во традицијата.

Лаура Стојанова М-Нет