Поврзете се со нас

Свет

Азар откри зошто се откажал од планот да се пресели во МЛС лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Еден Азар иако има само 33 години веќе некое време е во фудбалска пензија во која одлучи да замине по завршувањето на соработката со Реал Мадрид.

По крајот на минатата сезона офанзивецот расчисти со „кралевите“ и се очекуваше да одбере клуб во кој ќе докаже дека вреди и се уште може да игра на високо ниво.

Се споменуваа неколку опции меѓу кои и преселба во МЛС лигата, опција која во еден момент била реална, но Еден сепак на крајот одлучил дека едноставно ќе треба да се сели со целото семејство, а и тој самиот немал преголема желба, мотив за да продолжи да игра фудбал.

-Во суштина, си реков, ќе одам во Америка и ќе играм две или три години таму. МЛС не е лоша. На шега му кажав на Кристијан Бентеке дека ќе му се придружам во Вашингтон. На тој начин ќе играм со мојот човек, му давам топки и тој постигнува голови. Ама не беше само фудбал, моравме сите да ги преместиме. Тоа е она што малку ме забави.

-Да бидам искрен, не сакав повеќе да играм фудбал. Ако навистина сакав да продолжам, ќе отидев некаде дури и да требаше да се преселам. Но, тоа повеќе не ми требаше. Не сакав да заминам само за да заработам пари и да се прашувам зошто го направив тоа две или три недели подоцна, -вели Еден за „Voo Sport World“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни