Се редат „Боинг“ инциденти: Од авион во воздух испаднал тобоган за итни случаеви – необичен звук ги вознемирил патниците

107

Набргу по полетувањето од Њујорк, од авионот испаднал тобоган на надувување за итни случаеви кој се наоѓал во трупот, во подножјето на една од вратите, па авионот се вратил на аеродромот.

Компанијата „Делта“ објави дека во петокот пилотите „чуле необичен звук“ од дел од „боингот 767“, за кој навела дека е произведен во 1990 година.

Во авионот кој летал за Лос Анџелес имало 176 патници и седум членови на екипажот. „Делта“ објави дека патувале со друг авион.

Оштетениот авион е повлечен од употреба, а во тек е потрага по испаднатиот тобоган.