Новите снимки што кружат на социјалните медиуми од моментот кога толпата на ноќниот клуб „Пулс“ се евакуира од пожарот, ги потврдуваат сомневањата дека недостатокот на план за евакуација и резервен излез се главните причини за големиот број жртви. Овој приказ докажува дека клубот функционирал со еден влез-излез и врата за итни случаи која била затворена. Таа била отворено подоцна, но не била користена. Единствено место каде што пишувало „ИЗЛЕЗ“ ...
Досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското Обвинителство предложило мерки за обезбедување присуство, изјави денеска државниот обвинител Љупчо Коцевски. Како што рече, од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што тројца се уште се на лекување во болница. Коцевски рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле ...
Жители на Кочани тврдат дека во дискотеката Пулс каде избувна страшен пожар работела нелегално, а внатре се продавала дури и дрога, објави бугарска НОВА. „Ова е голема катастрофа. Мислам дека ја плативме цената за 30 години корупција и криминал. Жал ми е за децата кои загинаа. Сочувствувам со нивните семејства. Лично познавав некои од младите луѓе. Тие ми се како деца. Сите ние сме виновни за она што се случи. Се надевам дека ова ќе доведе до ...
Жители на Кочани тврдат дека во дискотеката Пулс каде избувна страшен пожар работела нелегално, а внатре се продавала дури и дрога, објави бугарска НОВА. „Ова е голема катастрофа. Мислам дека ја плативме цената за 30 години корупција и криминал. Жал ми е за децата кои загинаа. Сочувствувам со нивните семејства. Лично познавав некои од младите луѓе. Тие ми се како деца. Сите ние сме виновни за она што се случи. Се надевам дека ова ќе доведе до ...
По наредба на Јавното обвинителство на Кочани, вечерва почна апсење на нова група лица поврзани со пожарот во тамошната дискотеката „Пулс“ на 16 март, кога во пожарот што избувна за време на концертот на групата ДНК, изгореа или беа згмечени и затруени од чадот 59 младинци и деца, а 178 се повредени. Неофицијално, по претресите обавени вчера во просториите на Општина Кочани, вечерва е уапсен и градоначалникот Љупчо Папазов. Досега тој имаше само ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани. Основниот суд во Кочани, претходно ...
Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а 196 беа повредени. Меѓу 13-те за кои е одредена мерката и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден. Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна ...
Министерот за здравство најави дополнителни токсиколошки анализи за повредените, а специјалистите предупредуваат дека текот на лекувањето може да биде долг и сложен. Иако бројот на критично повредени се намалува, лекарите се воздржани во прогнозите. Според пластичните хирурзи, реална проценка за исходот кај пациентите со тешки изгореници ќе биде возможна по седмиот ден од третманот. „Се уште е рано за точни прогнози, бидејќи заздравувањето ...
Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри, соопшти ...