Куп на Африка: Вечерва се играат двата полуфинални дуела

На Купот на Африка во фудбал што се одржува во Брегот на Слоновата Коска, вечервата ќе се играат двете полуфиналиња.

Во првиот полуфинален меч, од 18 часот, ќе се сретнат трикратниот шампион, Нигерија и Јужна Африка, која атакува на втората титула.

Во четвртфиналето Нигерија ја победи Ангола со 1:0, а Јужна Африка ги елиминира Зеленортските Острови, 0:0, 2;1 во пенал рулетот.

Во второто полуфинале (21 часот) ќе се сретнат домаќинот, Брегот на Слоновата Коска, шампионот од 1992 и 2015 година и Конго кој титулата ја освои во 1974 година.

Во претходната четврфинална рунда, БСК го победи Мали, 2:1, а Конго беше подобар од Гвинеја, 3:1.

Финалето е в недела, во 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО