Претставувањето и разговорот со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Во кафе-книжарницата „Буква“, во вторник, 9 април, со почеток во 19:30 часот, издавачката куќа Готен ве поканува на претставувањето и разговорот со писателката и сценаристка Дора Шустиќ.

Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.


Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик. Нејзиниот дебитантски роман „Пци“, објавен во 2023 година, беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Дора Шустиќ во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …