Неверојатниот Леверкузен собори уште еден рекорд

од Симе Стоиков

Фантастичниот Баер Леверкузен синоќа собори уште еден рекорд.

„Фармацевтиците“ ремизираа 1:1 со Вест Хем во Лондон и со вкупен резултат 3:1 отидоа во полуфиналето на Лига Европа, со што го надминаа резултатот на Јувентус од 2012 година, бидејќи успеаја да бидат први од клубовите од „Tоп пет лигите“ кои стигнаа до својот 44-ти последователен натпревар сезонава без пораз.

Ако ги погледнеме другите лиги надвор од најдобрите пет во Европа, последни кои успеале да поминат 45 натпревари без пораз се Динамо Загреб (2014/2015) и Риека (2016/2017).

Леверкузен игра феноменално под водство на Чаби Алонсо и на претходните 44 натпревари забележа 38 победи, со само шест нерешени.

Минатиот викенд тој и математички ја обезбеди титулата во Бундеслигата, прва во клупската историја на пет кола пред крајот на првенството.

Рекордот може дополнително да се подобри, бидејќи Леверкузен очекува уште најмалку осум натпревари во сезоната, а можеби и девет доколку стигне до финалето на Лига Европа.

Во финалето на германскиот куп го очекува второлигашот Кајзерслаутерн, а во полуфиналето на Лига Европа Рома.

Слични содржини