Press "Enter" to skip to content

Капитенот Кузмановски и Петар Атанасијевиќ пред последните два натпревари на Еурофарм Пелистер до титулата

По синоќешниот натпревар од плеј-офот на Еурофарм Пелистер во Битола на “пелистерци“ им остануваат уште два натпревари до титулата, секако им требаат уште две победо. На гостувањето во Струга и на домашниот, последен натпревар во Битола, против Алкалоид, кога и треба Еурофарм Пелистер да ја “завери“ титулата.

Но, пред тоа следува “репрезентативната пауза“ поради двомечот на селекцијата на Македонија против Фарски Острови, за пласман на Европско првенство.Капитенот на “пелистерци“ , Филип Кузмановски, по вчерашниот натпревар најави дека за последните два меча со Струга и Алкалоид сите се фокусирани максимално и нема да има потценување и на брифингот со новинарите рече:

-Секогаш сме благодарни на публиката, со нашите резултати заслужуваме поддршка. Целиме кон титулата и таа поддршка ни значи. Остануваат уште два меча, никого нема да го потцениме, знаете дека може да се случат и изненадувања. Се подготвуваме за секој меч како да е Лига на шампиони. Ќе останеме фокусирани до крај, нашата цел е позната, тоа е двојната круна. Одиме полека, од меч во меч.Петар Атанасијевиќ не го криеше задоволство по убедливата победа над екипата на Тиквеш и изјави дека сите во тимот имаат само една цел, а таа е одбрана на титулата во домашниот шампионат. 

-Одигравме максимално ангажирано против Тиквеш и мислам дека дадовме 200% од нашите можности. Влегуваме со ист пристап на секој натпревар и мораме да продолжиме во ист стил ако сакаме да ја одбраниме титулата.  Се надевам дека со помошта на “Чкембарите“ ќе успееме повторно да ја израдуваме публиката во Битола. Овој град заслужува шампионски тим, а ние ќе се обидеме тоа да го потврдиме на теренот.

Еурофарм Пелистер е лидер на табелата во македонскиот шампионат, а најблизок следбеник му е Вардар 1961 кој чека кикс.

More from СпортMore posts in Спорт »