Вести Македонија

Изборна хроника 12.04.2024

Во земја во која има владеење на правото, повторно ќе се врати интересот за татковината, порача вечерва од Гостивар, Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Според неа, кога се работи за важни државнички прашања, претседателот мора да се консултира со Владата и да се советува со Собранието, но и да постапува според програмата која ја гласал народот.

А, кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од центарот на Скопје на граѓаните им порача да им кажат НЕ на обидите за регрес на државата. Побара масовна политичка мобилизација, за напредна европска Македонија.

Кандидатот за претседател на Македонија, Бујар Османи, денеска со порака дека доколку стане претседател ќе го продолжи процесот кој го започна како министер за надворешни работи – усвојување на резолуција од страна на американскиот Конгрес за потврдување на македонскиот јазик и идентитет.

Претседателскиот кандидат, Арбен Таравари ги претстави приоритетите на неговата претседателска кампања поврзани со науката и изрази надеж дека албанската Академија на науки и уметности ќе биде признаена.

Претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски, денеска излезе со идеја како да им се помогне на пензионерите од кои 17 проценти се со пензија помала од 13 илјади денари, а 47 отсто живеат со помалку од 17 илјади денари месечно. Свесен е дека пензискиот систем не смее да се допира, но може да се интервенира со социјални политики.

Целата програма и претседателската и онаа што ќе следува за Парламентарните избори е насочена кон решавање на проблемите на граѓаните, истакна кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска која денеска имаше средби со граѓаните во Македонска Каменица и Делчево. Забележа дека овој регион се соочува со иселување на младите, а според неа вест на денот е дека кандидатите за претседател ќе немаат дебата.

Кандидатот Максим Димитриевски, пак, денеска е во обиколка на Демир Капија, Неготино, Росоман и Кавадарци. Пред граѓаните вети, ако му ја дадат довербата ќе иницира законски решенија за директна помош на винопроизводителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе