Големо изненадување: Нов клуб се вклучи во трката по потписот на Модриќ

Екипата на Ејупспор следната сезона првпат во својата историја ќе биде дел од турската Супер лига. Клубот е предводен од поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Арда Туран, а претседателот, Мурат Озкаја, денес даде сензационална најава.

Планот е да бидат ангажирани голем број на фудбалски ѕвезди и да се потрошат многу пари, а еден од нив е Лука Модриќ.

„Нема врска дали има 37, 38 или 40 години, ние сакаме да го ангажираме.“ – рече Озкаја за интерсот за Лука Модриќ.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид завршува налето, а интерес за неговите услуги има од клубови од Саудиска Арабија, но и од Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести