ССМ излегува на протест на 2. април

од Nikola Popovski

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска информираше дека за 2-ри април е закажан протест во организација на ССМ, кој ќе започне од пред зградата на Работничкиот дом, а ќе заврши пред Врховниот суд. Протестот ќе биде во насока на, како што вели првиот синдикалец во државата, да им покажеме на судиите дека треба да се одважат, правото и правдата мора да победи и да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците.

ССМ пред месец дена достави предлог за повторување на постапката до Основниот граѓански суд – Скопје. Вели дека „во вторник ќе ги охрабрат да ја преинчат срамната пресуда за конфискација на зградата и за доделување на државата“.

Врховниот суд на 9.11.2023 година донесе пресуда за предметот РЕВ 1-77/22, во кој тужител е Република Северна Македонија против тужениот Сојузот на синдикатите на Македонија Скопје, за утврдување право на сопственост на недвижен имот кој претставува административна зграда како објект од општ интерес за државата. Со одлуката се одзема работничкиот дом од ССМ и се доделува на државата.

Слични содржини