Пет работи што не смеете да му ги кажете на вашето дете доколку се разведувате


Најчестите грешки што ги прават родителите во оваа ситуација.

Во тие моменти малечките чувствуваат дека нешто лошо се случува со мама и тато, но најчесто не можат да сфатат во што е проблемот и често мислат дека нешто згрешиле.

Затоа е многу важно да го откриете најдобриот начин да излезете од таа непријатна ситуација. Разговорот со детето за развод е тежок, но неизбежен, па ако одлуката за развод е конечна, тоа треба да се направи што е можно поскоро за ситуацијата да не стане уште покомплицирана. Еве неколку работи кои не треба да му ги кажувате на вашето дете.

Бирај кого повеќе сакаш

Првата и најчеста родителска грешка е принудувањето на децата да избираат страни. Во никој случај немојте да го присилувате детето да одлучи кого повеќе сака – мама или тато, затоа што тој ве сака подеднакво и не може да избере кого повеќе.

Вие немате врска со ова

Во борбата за развод, родителите често забораваат да му кажат на детето дека ништо што се случува не е негова вина. А дете, верувајте, сè гледа и чувствува. Затоа, немојте да претпоставувате дека знае дека не е виновен, туку објаснете му дека тоа што се случува нема никаква врска со него и дека секогаш ќе ги има двајцата родители кои го сакаат.

Секако дека сум во право

Родителите често прибегнуваат кон еден вид манипулација со чувствата на децата, споделувајќи со нив информации кои само возрасните треба да ги знаат, се со цел да ги убедат да застанат на нивна страна. Запомнете, ова е преголем товар и детето не смее да го носи.

Слушајте што се зборува таму

Не е помалку страшно ако користите дете како шпион кој собира информации за вашиот поранешен сопружник за вас. Ова ќе го стави во многу непријатна ситуација, па немојте да се чудите ако вашето дете ви замерува поради тоа.

Детето не смее да има траума

Ако не сте сигурни како да се извлечете од секогаш непријатниот развод што е можно побезболно заедно со вашето дете, не двоумете се да побарате помош од психолог или психијатар или да купите професионална книга што се занимава со оваа проблематика. Важно е само навреме да се подготвите за разговор со детето и да бидете свесни за влијанието на вашите зборови врз неговиот иден живот.